Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа, стои во соопштението од СДСМ.

„Објави и фотографии.

Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?

Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски?

Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања?

Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја води Мицкоски, дури и во својот говор за Илинден се причина за граѓаните да не можат да го гледаат.

Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски, велат од СДСМ.

Exit mobile version