Дел од жителите во општина Студеничани утре ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани интервенции во дистрибутивната мрежа.
Според известувањето од ЕВН, прекинот ќе опфати дел од селото Студеничани, поточно на излезот кон селото Морани.
Без струја корисниците ќе бидат во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Од компанијата информираат дека прекинот е дел од планираните технички активности за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.


