„Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“ изјави Христијан Мицкоски пред два дена, велат од СДСМ.
„Со оваа реченица премиерот призна дека повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна.
Две години знаеле, две години молчеле додека граѓаните пиеле загадена вода.
Водата во Гостивар сѐ уште не е целосно исправна.
По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски.
А министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна.
Сѐ уште граѓаните чекат официјална потврда.
Сѐ уште не се доставени ниту документите за тоа кој потпишал дека техничката водата е исправна за капење, додека граѓаните ја користат.
Не е само Гостивар, проблеми со небезбедна вода има во десетици други места низ цела Македонија.
Дали Мицкоски знаел и за другите места во Македонија?
Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, додека им порачува на македонските граѓаните да летуваат во Македонија – на планините и езерата.
Оди на екскурзија во Белгија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење а во Гостивар има епидемија на жолтица.
За загадувањето на Лепенец и Вардар – нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија.
Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа – јавно призна кривично дело“, стои во соопштението од СДСМ.
- Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители
- Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село
- УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
- УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
- МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
- МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
- Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот


