Трагичен настан ја потресе скопската Противпожарна бригада. Вчераутро (25.12) во 08:00 часот, во просториите на Бригадата бил пронајден починат 57-годишниот З.А. од селото Мралино, Општина Илинден.

Безживотното тело на вработениот го пронашле колегите, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош. Лекарите за жал можеле само да констатираат смрт.

Првичните прегледи покажале дека на телото нема видливи траги на насилство. Случајот е пријавен во СВР Скопје, а за да се утврдат точните причини за смртта, телото е предадено на обдукција.

Exit mobile version