Пожар во три куќи во Скопје, семејство остана без кров над глава (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска во населба Злокуќани во Скопје избувнал пожар во три куќи од кои едната е целосно изгорена. Едно семејство остана без кров над глава, информира градоначалникот Стевче Јакимовски на социјалната мрежа фејзбук.
 
„Опожарени се три куќи во населбата Злокуќани, од кои едната е целосно изгорена.
Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа спречена е поголема катастрофа.
Куќата во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина.
Апелирам до граѓаните да помогнат согласно своите можности, а на оштетеното семејство му понудив привремено сместување додека не се санира нивниот дом.
Предупредувам дека доаѓа тешка зима и стравувам дека е можно да се повторат вакви немили настани, па затоа апелирам до сите граѓани да бидат крајно внимателни при користењето на електричната енергија“, кажа Јакимовски.

20.12.2021 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега