Пожар во ноќен клуб во Шпанија, загинаа најмалку 13 лица

Најмалку 13 лица загинаа, а четворица се повредени во пожар што рано утринава избувнал во ноќен клуб во Шпанија, а потоа се проширил во уште неколку ноќни клубови во овој дел од градот.

 

Спасувачите екипи сè уште трагаат по лицата кои не се пронајдени по пожарот, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Пожарот избувнал помеѓу 6 и 7 часот утринава во двокатниот ноќен клуб „Театре“ во градот Мурсија на југоистокот на Шпанија. Според шпанската полиција, претходната вечер во клубот се одржала роденденска забава.

 

„Според првичните информации, пожарот избувнал на првиот кат од ноќниот клуб, кој има приземје и кат“, изјави Диего Серал, портпарол на националната полиција.

 

Најмалку четири лица се повредени и згрижени во болница во вдишување на чад.

 

Причината за пожарот засега не е позната, а истрагата е во тек.

 

Градоначалникот на Мурсија, Хозе Балеста, објави тридневна жалост и најави дека ќе се формира прифатен центар за роднините на жртвите.

 

 

01.10.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега