Пожар во кочанско село: Синот загинал, а неговата мајка завршила во болница- МВР со детали

Пожар во семејна куќа во кочанско село, по што маж загинал а неговата мајка  била префрлена во болница.

-На 21.01.2021 околу 06,25 часот во СВР Штип било пријавено дека во село Грдовци, кочанско настанал пожар во куќата сопственост на А.J.(48).

Откако интервенирала противпожарна екипа, В.Ј.(71) била извадена од куќата и пренесена во Медицински центар - Кочани за укажување лекарска помош, додека кај А.Ј. од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт- информираат од полиција.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега