На 09.10.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во барака, сопственост на О.П.(39) од Скопје.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.