Повторно отворена грчката амбасада во Киев
Грчкото знаме денеска повторно се вее во Киев. Грчката амбасада повторно ги отвори вратите во главниот град на Украина, соопшти министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас за време на средбата со неговата колешка од Кенија, јави дописничката на МИА од Атина.
Вршител на должност е Манолис Андрулакис, кој беше генерален конзул во Мариупол и евакуиран во специјална операција, а Дендиас истакна дека тој беше последниот дипломат кој го напушти украинскиот град.
Шефот на грчката дипломатија порача дека Грција, преку амбасадата во Киев и конзулатот во Одеса е заедно со грчката дијаспора во Украина, но и со украинскиот народ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа