Повторно над 300 новозаразени во Хрватска

 

Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 311 нови случаи заразени со коронавирусот, а двајца пациенти починаа.

Во моментот има 2.771 активни случаи, а хоспитализирани се 285 пациенти, вклучително и 19 на респиратори.

Од 25 февруари кога беше забележан првиот случај до денеска вкупно потврдени се 11.739 случаи, починаа 197 луѓе, а 8.771 оздравеле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега