Повеќе од 30 ученици и наставници се повредени откако бил испуштен иритирачки гас во едно училиште во југозападна Германија, соопшти денеска локалната полиција.

Според германската агенција ДПА, 29 ученици и тројца наставници претрпеле иритација на дишните патишта и очите. Неколкумина биле пренесени во болница, додека други добиле медицинска помош на лице место во градот Шпизен-Елверсберг, близу француската граница, југозападно од Франкфурт.

Полицијата сè уште трага по осомничениот, а точниот вид на гасот не е утврден. Во моментот на инцидентот во училиштето се наоѓале околу 170 луѓе.

Exit mobile version