Еден пожарникар е повреден и итно пренесен на скопските Клиники по големиот пожар кој беснееше попладнево во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа.

-„Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност”, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Exit mobile version