Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола – длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите, информираше на социјалните мрежи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран.

Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.

Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника.

Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност.

Ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.

Токму затоа, нашите заложби за модернизација на Бригадата, нова опрема, подобри услови и поголема безбедност за пожарникарите се наша обврска.

Длабок поклон до сите пожарникари за брзата реакција, професионалноста, храброста и посветеноста.

Скопје денес виде што значи пожртвуваност на дело, стои во објавата на ФБ на градоначалникот на Скопје.

Exit mobile version