Повреден пожарникар во Ченто – завршил со опекотини на вратот (ВИДЕО)
Еден пожарникор се здобил со повреди гаснејќи го пожарот во Ченто на „последна 45-ка“, дознава Прес24.
Во гаснето жар влегло во јакната на пожарникарот откако паднал дел од кровната структура. За среќа пожарникарот е надвор од животна опасност и има полесни повреди, односно опекотини.
„Брзото пристигнување на БППЗ спречено е ширење и зафаќање на повеќе куќи во близина на опжарената куќа (поткровје со деловен објект во самиот кров) Интервенирано е со 8 возила и 18 пожарникари“, информираат од Територијалната противпожарна единица Скопје.
11.03.2021 - 18:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа