Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје. Од нив, тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни повреди.

Како што информира директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, за МИА, една пациентка со повреда на главата и скршеница на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.

На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентката со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.

Exit mobile version