Метеоролог-прогнозерот Славчо Попоски излезе со стручно објаснување за причините кои доведоа до силното невреме што попладнево го зафати Скопје и повеќе региони низ државата.

Според неговата анализа, главна причина за невремето било наглото спуштање на ладен атмосферски фронт од север на повисоките слоеви од атмосферата.

Овој ладен фронт директно се судрил со многу потоплиот воздух од југ кој претходно беше позициониран над Македонија.

Попоски појаснува дека атмосферата била силно загреана и исполнета со енергија поради високите температури забележани во изминатите денови.

Ваквата конфронтација на воздушните маси предизвикала формирање на силни облачни грмотевични јадра кои донесоа олуен ветер, пороен дожд и значајни материјални штети, особено на подрачјето на Скопје.

Истовремено, тој посочува дека во изминатите два дена и југоисточниот регион од земјава претрпе катастрофални штети врз земјоделските култури како последица на невремето проследено со град.

Во однос на причините и идното дејствување, Славчо Попоски го сподели следното објаснување:

„Уште еднаш ова е доказ дека атмосферата над Македонија и целиот Балкан станува се по бурна гледано во метеоролошки аспект, па токму со ова сакам во иднина навремено да се подготвуваме за вакви временски непогоди кои за жал ќе стануваат се по силни и се почести.

Exit mobile version