Повеќе повредени во страшна сообраќајка пред Кавадарци утрово - пожарникари ги ваделе од возилата

Три лица се повредени од кои едно потешко во страшна сообраќајна несреќа која утрово се случила на патот Кавадарци Росоман. Според првичните информации станува збор за две лица во раните дваесетти години и уште едно постаро лице. Станува збор за директен судир но нема информации како дошло до него.
Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.
ТППЕ Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило. 

 

28.02.2024 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега