Повеќе делови од Скопје без струја денеска и утре

Поради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од Општина Кисела Вода, а утре делови од Сопиште, Карпош и Чучер Сандево.

Како што соопштија од РЦУК-Скопје по добиеното известување од ЕВН, без струја денеска од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 1515, 1513 и дел од улицата „Саса“ во околината на ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија.

Утре пак, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Добри Дол, а од 9 до 12 часот корисниците од дел од селото Горно Соње во Општина Сопиште.

Исто така, од 09:00 до 10:30 часот утре без струја ќе бидат и објектите во околината на булеварот „Партизански Одреди“ број 70, а од 09:00 до 14:00 часот, улицата „Желево“ зградите 3 и 5 и улицата „Разловечко Востание“ зградите 22 и 24 во Општина Карпош.

Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од селото Побожје во Oпштина Чучер Сандево. 

27.06.2022 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега