Потресни сцени од Иран, пустина се претвори во гробница: „Ја убив сопствената мајка, го донесов вирусот дома“

Коронавирусот е најновиот непријател со кој се соочуваат семејствата во Ирак. Степенот на инфекција е таков што ги надминува нивните болници и гробишта.

Роднините на болните ја жртвуваат својата безбедност за да се грижат за своите најблиски. Коронавирусот ги растури семејствата во Ирак.

“Јас ги инфицирав мајка ми, татко ми, браќа и сестри. Мене. Ја убив. Ја убив. Ја убив мајка ми со свои раце. Мајка ми беше дома без инфекција. И јас го донесов вирусот во куќата. Сѐ затоа што работам во болницата “, здравствен работник му кажал на колегата вознемирено во ходникот во болницата.

Новите гробишта се шират низ пустината во Ирак. Досега, повеќе од 3.000 жртви на коронавирусот се закопани таму. При погребот помагаат и припадниците на армијата.

Роднините ги превземаат и телата на починатите од мртовечницата бидејќи вработените не сакаат да ги допираат доколку лицата починале поради коронавирус.

Човечката солидарност е видлива и во сè. Таксистите доаѓаат на помош и превезуваат тела. Еден од нив рече дека неговото семејство му рекле да каже дека е болен, но тој не го сакал тоа.

За жал, повеќе од 80 тела пристигнуваат на пустинските гробишта секој ден. Постојат стотици необележани гробови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега