Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за обилни врнежи во изминатите 24 часа. Најмногу дожд, 50 литри на метар квадратен, наврнал во Струмица.
Обилни врнежи се евидентирани и во Пожар (34 л/м), Гевгелија (25 л/м2), Демир Капија и Битола (20л/м2), и Штип (20 л/м2).
Во Скопје денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината се очекуваат дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени, при што ќе дува умерен до засилен северен ветер.

