Изминатите 24 часа донесоа обилни врнежи низ земјава, при што најкритично беше во Крива Паланка со 39 литри на квадратен метар и Виница со 26 литри. Додека градовите се соочуваат со дожд, планинските центри побелеа – на Попова Шапка веќе се измерени 31 сантиметар снег, а таму е и најстудено со -3 степени.

Денеска не очекува слично време. Претежно облачно, со дожд во пониските и снег на повисоките места во источните делови. Попладне се очекува делумно разведрување во западна Македонија. Максималните температури ќе се движат од 9 до 12 степени, додека во Скопје ќе биде облачно со дожд и температура до 10 степени.

Exit mobile version