Поскапеа становите во Скопје
Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.
Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Во вториот квартал од 2024 становите забалежаа поскапување за 11,5 проценти на годишно ниво и од 8,2 проценти на квартално ниво. Во третиот квартал лани растот на годишно ниво изнесуваше осум проценти, а на квартално имаше пад од 0,3 проценти, по што повторно следуваше раст во четвртиот квартал на квартално ниво за 3,3 проценти, а за 10,6 проценти на годишно ниво.
Индексот на цени на станови е изготвен од страна на НБРСМ, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа