Close Menu
    Најново

    Само мерки за претпазливост за возачот кој го усмрти Јорго Ќука, па избега од местото на настанот

    04.11.2025 во 18:52

    Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско: Сообраќајот во целосен прекин

    04.11.2025 во 18:42

    Зеленски: Сакам Орбан да не не блокира

    04.11.2025 во 18:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Само мерки за претпазливост за возачот кој го усмрти Јорго Ќука, па избега од местото на настанот
    • Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско: Сообраќајот во целосен прекин
    • Зеленски: Сакам Орбан да не не блокира
    • Австралиските наставници под притисок: Агресивни ученици, недостиг на почит и масовно напуштање на професијата
    • 46-годишен маж ја силувал ќерка си
    • Кризата во САД го парализира воздушниот сообраќај – десетици летови доцнат или се откажани
    • (ВИДЕО) Зад затворени врати: Извештајот на ЕК презентиран во Собранието
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС е се уште во шок од изборите – вразумете се
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Поранешниот претседател Иванов во Астана: Технологијата не треба да нè оддалечува од тоа кои сме, туку да ни помогне подобро да се откриеме себеси

    Поранешниот претседател Иванов во Астана: Технологијата не треба да нè оддалечува од тоа кои сме, туку да ни помогне подобро да се откриеме себеси

    19.09.2025 во 09:53
    ФОТО: Кабинет на д-р Ѓорге Иванов
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во периодот од 15-18 септември 2025 година, поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на Осмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии што се одржа во Астана под покровителство и со претседавање на Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев. 

    Во рамките на конгресот, претседателот Иванов се обрати на панелот „Духовните вредности во ерата на дигитална реалност и вештачка интелигенција“, каде што во своето излагање ја истакна двојната природа на новите технологии и вештачката интелигенција – можностите кои ги создаваат и отвораат, но и предизвиците кои стојат  пред духовноста и човечноста. Иванов предупреди дека „вистинската вера не може да биде создадена од машина, а вистинската поврзаност не се мери во лајкови, туку во љубов и присуство“, додавајќи дека духовните водачи имаат клучна улога да ги насочат луѓето кон трајните духовни вредности во еден свет кој често нуди брзи, но празни одговори. Тој нагласи дека човековото достоинство, слободата, приватноста и вистината не смеат да бидат жртвувани во трката по иновации и повика на заедничка соработка меѓу духовните заедници, технолошките експерти и медиумите во градењето етичка дигитална иднина. Потсетувајќи на македонската традиција на вековна верска толеранција и заемно почитување, тој порача дека технологијата не треба да нè оддалечува од тоа кои сме, туку да ни помогне подобро да се откриеме себеси.

    На овој значаен настан во Астана учествуваа повеќе од 100 делегации од околу 60 земји од целиот свет, меѓу кои и највисоките духовни водачи од христијанството, исламот, будизмот, јудаизмот, хиндуизмот, таоизмот и шинтоизмот, како и претставници на меѓународни организации, академската заедница и јавни личности.

    Претседателот Иванов го искористи своето присуство и за повеќе средби со учесниците со кои разговараше за современите предизвици на духовноста, за потребата од унапредување на дијалогот и за градење мостови на доверба. Во овие средби тој ја истакна важноста на Македонија како пример на вековно меѓурелигиско, меѓуетничко и меѓукултурно почитување и заедништво, пренесувајќи ја пораката дека малите земји, преку мудрост и искуство, можат да придонесат за глобалниот мир и стабилност, особено во време на глобални несигурности и брзи промени, кога улогата на духовноста и дијалогот е уште поважна за зачувување на човечките вредности и за градење посигурна иднина за следните генерации.

    Featured
    Популарно

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Како успеа Мицкоски да го исели Јакимовски од Карпош

    04.11.2025 во 12:01

    ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

    04.11.2025 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.