Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете спроведен во Кривичниот суд
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5 милионски криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.
Стефанов беше приведен на граничниот премин Табановце.
Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот.
Вчера во големата полициска акција, беа приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.
11.12.2024 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа