Поранешната сопруга на Безос тежи 53 милијарди, а се премажи со наставник

Мултимилијардерката Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, повторно се омажи, со наставник во средно училиште Дан Џевет.

Мекензи Скот стана позната во последните месеци како личност која донирала најмногу пари во добротворни цели. „Форб“с проценува дека таа располага со 53 милијарди долари, а минатата година донираше речиси 6 милијарди долари. Мекензи, како што самата рекла, планира да подели поголем дел од своето богатство за добротворни цели.

На веб-страницата на непрофитната организација „Giving Pledge“ е објавено писмо од Дан Џевет, наставник по природни науки во училиштето „Лејксајд“ во Сиетл, каде што учат децата на Мекензи Скот. Џeвет порачува дека е благодарен за исклучителната привилегија што ќе ја има во партнерството донирајќи пари кои потенцијално можат да направат многу добри нешта.

„Среќна случајност, се омажив за една од најдарежливите и најљубезните личности што ги познавам и ѝ се придружив во обврската да пренесам понатаму огромно финансиско богатство служејќи им на другите“, објави Џевет. Здружението „Giving Pledge“ е основано во 2010 година од милијардерите Бил Гејтс, неговата сопруга Мелинда и Ворен Бафет, пренесува „Њујорк тајмс“. Потписниците се согласуваат дека ќе го разделат поголемиот дел од своето богатство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега