Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Како изгледа небото над Блискиот Исток

    02.03.2026 во 19:29

    Исплата на хуманитарна помош – Црвениот крст подели 11 милиони денари на настраданите во Кочани

    02.03.2026 во 19:07

    Министерот за одбрана на САД: Не ја почнавме војната, ама ќе ја завршиме

    02.03.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Како изгледа небото над Блискиот Исток
    • Исплата на хуманитарна помош – Црвениот крст подели 11 милиони денари на настраданите во Кочани
    • Министерот за одбрана на САД: Не ја почнавме војната, ама ќе ја завршиме
    • Андоновски учесник на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори – MWC26 во Барселона
    • Трамп не исклучува копнена офанзива: „Не велам дека нема да има војници во Иран“
    • Грција испраќа воен брод и борбени авиони на Кипар
    • Доаѓа Руте – утре посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Ирански амбасадор: Иран ќе ги гаѓа американските бази во Европа „доколку е потребно“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поранешениот градоначалник на Демир Капија и директорот на ЈП „Бошава“ заработија кривична поради загадување на водата

    Поранешениот градоначалник на Демир Капија и директорот на ЈП „Бошава“ заработија кривична поради загадување на водата

    15.12.2025 во 13:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.

    Како што се наведува во полицискиот билтен, во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот.

    Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Војната ескалира: Нападната територија на земја членка на ЕУ

    02.03.2026 во 10:00

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.