Поради Задушница, посебен сообраќаен режим во петок и сабота во Скопје

 

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај, утре и задутре (2/3.06, петок и сабота), а поради претстојниот верски празник Задушница, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 6 часот на 2.6., сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по улицата Боца Иванова и десно до влезот на гробиштата „Бутел“, а за излез од гробиштата – десно по улицата Боца Иванова до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по улицата Бутелска и десно по улицата Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на улиците кај гробиштата во Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

01.06.2023 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега