Поради синот, Вилијам и Кејт би можеле да ја прекршат долгогодишната кралска традиција

Кога станува збор за кршење на кралскиот протокол на сите први на памет им паѓаат Меган и Хари, но се чини и Вилијам и Кејт се подготвени протоколот кога станува збор за среќата на нивниот син, принцот Џорџ.

Експертката за кралското семејство Ингрди Сивард тврди дека позитивната реакција на јавноста кон нивниот модерен начин на воспитување на децата би можела да влијае на тоа кралскиот пар да прекрши некои од традициите.

Откако наполни шест години, дојде време принцот Џорџ да почне да се школува. Неговите родители, како и поголемиот дел од кралското семејство детството го поминаа во интернати. Сивард тврди дека не би се изненадила доколку тоа не биде случај со Џорџ.

-Се навикнавме членовите на кралското семејство во денешно време да ги кршат традициите па мене не би ме шокирало и ова да го направат по свое. Мислам дека Вилијам и Кејт ќе внимаваат на тоа децата да им бидат среќни во училиштето во кое ќе одат, изјави таа.

Вели дека Кејт и Вилијам се модерни родители кои добро ќе размислат за својата одлука.

-Мислам дека тоа ќе зависи од тоа како децата ќе се развиваат и дали тоа ќе го земат предвид кога ќе одлучуваат дали децата би биле среќни ако се одвоени од семејството, тврди Сивард.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа