Поради гранати од Првата светска војна пожарот на Галичица не може да се гаси од воздух

 


Пожарот кој седум дена е активен на планината Галичива во Националниот парк „Галичица“ не може да се гасне од воздух пради опасност од експлози, велат од Центарот за управување со кризи. Само утринава биле регистрирани три детонации.

 

Пожарот е активен на непристапен потег. Започна од албанската страна и пред пет дена се префрли и на македонска територија. Гори висока трева, но во директна опасност се шумите од двете страни на планината, кон Охридското Езеро и кон Преспанското Езеро. Засега нема опасност пожарот да се приближи до населени места, но не може ниту да се гаси.

 

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денеска информираа дека теренот каде гори пожарот е непристапен и критичен за пешадиско гаснење и гаснење со хеликоптери, поради големиот број на експлозивни средства и направи. На сртот има голем број гранати, куршуми и други експлозивни средства, кои се протегаат до подножјето на шумата. Според сознанијата пожарот е запален од овчари од албанската страна со цел со горење да се подобри квалитетот на пасиштето.

Ангелов рече и дека овој пожар е 4. во последниве 10-15 години на ова место и при секој пожар се слушаат детонации, експлозии и истрели од куршуми.

 Палењето на тревата создава температура која ги активира овие минско-експлозивни средства. Кога човек би згазнал на нив, не би се активирале оти се стари повеќе од 100 години и нивната запалка не е активна. До рано утрово се слушнати најмалку три екплозии. Таму сега гори и не е безбедно за движење ниту на пешадија, ниту на хеликоптери. Претставници на Националниот парк ‘Галичица’ се обиделе да го гаснат, но се појавил феноменот како во скопски Сарај, кога гореа корењата. Стратегијата на Главниот кризен штаб е, кога  ќе се спушти кон шумата, цистерни и џипови со цистерни со носивост до 500 литри вода да се навлезе во шумата и тука пожарот да се пресретне, оти патиштата се безбедни“, рече Ангелов.

Ангелов додаде оти се очекува најавениот дожд, и апелираше до сите доброволци кои би сакале да помогнат во гаснењето на пожарот, да не влегуваат во оган оти може да загинат од мини.

Утрово на терен со претставници од НП „Галичица“ и екипа од Територијалната противпожарна единица од Охрид беше и  градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој е во постојана комуникација со надлежните во ЦУК.

05.09.2021 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега