Поповски: Власта потпишува сѐ, а потоа мисли што ќе прави понатаму

Поранешниот шеф на дипломатијата, Никола Поповски тврди дека власта лаже дека Македонија почнала преговори со Европската Унија.

Во дебата со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ рече Владата има недостаток на визија

-На се потпишуваат и штиклираат, а после мислат што ќе биде понатаму, без да решат стратешки што ни е целта. Значи, денеска „ни продава“ дека тоа што ги гледале по 15-ти пат вработените во СЕП презентациите за статистика е епохален напредок и дека не е битно ние за колку време ќе влеземе во ЕУ, што значат тие преговори и што конкретно ќе треба да смениме. На истиот начин цело време не возат. Сега ни велат, пред две или три години, „Договорот со Бугарите и готово, тие се согласија со се“, вели Поповски, додавајќи дека власта досега за ништо не презела одговорност и секогаш вината ја префрлала на друг.

Според Поповски, власта лажела и во оваа фаза од односите со Софија.

 

12.12.2022 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега