Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: Мицкоски однапред бара алиби за неуспехот со реформите во јуни

    Поповиќ: Мицкоски однапред бара алиби за неуспехот со реформите во јуни

    02.05.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција го обвини претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека подготвува терен за префрлање на вината врз опозицијата за евентуалниот неуспех во евроинтеграциите.

    Според СДСМ, најавите дека Изборниот законик е закочен од нивна страна се „класична лага“, со оглед на тоа што владејачкото мнозинство има капацитет самостојно да носи закони.

    „Вистината е едноставна: ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието и може самостојно да донесува закони. Како што без консензус и без поддршка од СДСМ ја укинаа техничката влада, така можат да го донесат и Изборниот законик“, изјави Поповиќ.

    Таа додаде дека Мицкоски ветувал оти Македонија во јуни ќе биде „рамо до рамо со Црна Гора“, но сега веќе подготвува изговори зошто тоа нема да се случи. Главните причини, според Поповиќ, се неисполнувањето на обврските за уставни измени и клучните реформи.

    „Нема да ги внесе малцинствата во Уставот, нема да ги затвори осумте клучни реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги продлабочи: криминал, корупција, партизација на институциите и контрола врз судството и обвинителството“, нагласи таа.

    Од СДСМ порачаа дека нема да дозволат да бидат вовлечени во сценарио на манипулации, тврдејќи дека граѓаните јасно гледаат кој го блокира патот кон Европа.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.