Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Поповиќ: Нема пари во државната каса за исплата на пензии

    (ВИДЕО) Поповиќ: Нема пари во државната каса за исплата на пензии

    29.06.2026 во 12:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем, изјави на денешната прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

    Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб.

    Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен доказ дека Владата нема решение како да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем.

    Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030 – 2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија, е потврда на катастрофалната состојба во пензискиот систем.

    Наместо сериозни реформи и стабилизација, Владата посегна по уште поопасен чекор – го доведува во прашање и вториот пензиски столб.

    Вториот столб кој се воведе за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации, сега Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење.

    Парите во овој столб се лични средства кои работниците ги издвојуваат со години за сопствената пензиска сигурност.

    Укинување или слабеење на овој столб значи уште поголем притисок врз ионака ослабнатиот државен пензиски фонд.

    Дополнително, неговото укинување значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој е пред колапс.

    Во отсуство на правилни политики, власта планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ.

    Ова е опасна политика. Кога Владата ги гледа парите на граѓаните како решение за својата неспособност да управува со јавните финансии, тогаш никој не може да биде сигурен дека неговите заштеди ќе останат заштитени.

    Ова не е пензиска реформа, туку признание дека власта нема капацитет да го одржува пензискиот систем и да им гарантира сигурна пензија и на сегашните и на идните пензионери.

    Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари за исплата на пензиите.

    Јавниот долг неконтролирано расте – само за две години ВМРО создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, буџетскиот дефицит на средина од годината е потрошен.

    И ова не се пари за стабилни пензии и плати, за подобро здравство, образование и повисок животен стандард – туку милиони евра за криминалните партиски тендери на ВМРО.

    За две години Мицкоски и неговата Владата не само што ја загрозија сигурноста на сегашните пензионери, туку ја доведоа во прашање и иднината на генерациите што допрва треба да се пензионираат, додаде Поповиќ.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.