Поплави во Шпанија, има повеќе загинати лица

Најмалку четири лица загинаа во силното невреме што ја зафати Шпанија викендов, соопштија локалните власти.

Телата на двајца мажи се пронајдени денеска во Толедо, провинција јужно од Мадрид, соопшти владата на регионот Кастилја-Ла Манча. Едната од жртвите починала во возилото, а другата е пронајдена мртва во лифтот на гаражата.

Двајца мажи, на возраст од 31 и 34 години, починаа за време на викендот во североисточна Шпанија, откако се удавија во надојдените води. Во исто време продолжува потрагата по маж кој во неделата навечер со сопругата и двете деца патувал во Мадридскиот регион. Нивното возило беше однесено од водите на реката Алберче, која се излеа од нејзините корита. Сопругата, ќерката и синот успеале да се спасат.

Шпанија за време на викендот ја погоди силно невреме, придружено со силен ветер, силен дожд, гром и град. Поради невремето, летовите беа одложени, а железничкиот сообраќај беше во прекин, поради што стотици патници останаа блокирани на железничките станици во Мадрид, Малага и други градови.

Затворени се многу патишта, улици и паркови, поплавени се бројни куќи и гаражи, оштетени се многу фасади и откорнати дрвја.

 

04.09.2023 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега