Попладнево нови дојави за бомби - евакуирани четири училишта
И денеска повторно дојави за бомби во скопски училишта. Според МВР, досега во полицијата четири школи пријавиле дека добиле закани за поставена екплозивна направа.
„360 Степени“ објави дека едната од нив е во средното училиште „Владо Тасевски“ во скопски Аеродром.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.
Последната серија на закани за бомби беше регистрирана во петокот во 15 училишта – 10 во Скопје и пет во Биотла, но и на Меѓународниот аеродром Скопје, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Тодор Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), трговскиот центар „Ист гејт мол“, како и во хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“. По проверките, се утврди дека сите се лажни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа