Прегазено 11-годишно девојче на булевар во Скопје

 


Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

06.08.2025 - 14:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега