Пописот покажа - проверете колку граѓани во Бугарија се чувствуваат како Македонци

Денеска бугарскиот Национален статистички институт ги презентираше податоците од пописот на населението реализиран минатата година.

Освен Бугари, кои доминираат со скоро 85 проценти, како припадници на други етнички заедници се прикажани Турците и Ромите, а сите други, за кои не се соопштени податоци за припадноста, се прикажани во група „други“ кои сочинуваат 1,3 отсто од населението.

На новинарско прашање кои се другите етнички групи, сосема на крајот беа спомнати Македонците, а такво „чувство“ изразиле вкупно 1.143 лица.

 

Бугарската етничка група брои 5.118.494 луѓе, или тоа се 84.6 отсто од вкупното населени.

24.11.2022 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега