Понуда за влез во Влада: Три министерства и 30 директорски места

 

Правда, земјоделство, здравство, образование или животна средина -три од овие министерства ќе добие Арбен Таравари како понуда за влез во Влада, брифира за тв 24 висок владин функционер. Дека на маса се овие ресори неофицијално потврдуваат и од Алијанса за Албанците.

Според истите информации сите три партии во Владата се откажуваат од по еден ресор. И ако Гаши, според владин функционер реши да го "даде" Беким Сали, Ковачевски и Ахмети се уште не пресекле. 

Таравари ќе добие и три заменички министри, а во третиот ешалон се во барањата  на Алијанса 30 директорски места.

Според висок партиски функционер во Алијанса ќе има и содржински  пакет , а во него ќе влезе и промената на 20 % од формулацијата на јазикот.

18.11.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега