Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет

    Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет

    21.04.2026 во 17:28Updated:21.04.2026 во 17:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На вкупно 11 студенти кои биле запишани на мастер и на докторски студии на Филозофскиот факултет им се прекинува активниот статус и им се поништени студиите. Државниот просветен инсекторат утврдил дека не ги исполнувале условите, односно немале право да запишат постдипломски бидејќи зад себе имаат стручни, наместо академски студии.

    „Констатирано е дека дел од студентите биле запишани на втор и трет циклус студии без да ги исполнуваат условите, односно без завршен прв циклус академски студии со најмалку 240 ЕКТС кредити. Наместо тоа, тие поседувале 180 ЕКТС кредити од стручни студии, кои биле комбинирани со 60 ЕКТС кредити од специјалистички студии (180+60), што не е дозволено согласно закон, правилници, конкурс и студиски програми“, велат од Државниот просветен инспекторат.

    Ректорот вели дека на сите кои им се прекинати студиите, парите кои ги платиле за досегашното студирање ќе им бидат вратени.

    Но овие 11 лица не се единствените засегнати во ситуацијата. Има други осум лица кои веќе се стекнале со титулата магистер на Филозофски, а зад себе имаат стручни студии. Дали нивната диплома ќе биде поништена или не, Инпекторатот допрва ќе одлучува.

    Првиот студент со стручни и специјалистички студии на кој му е дозволено да се запише на ваков начин е во 2019 година, практично веднаш по измените на Законот во 2018-та со кој експлицитно се забранува ваква ситуација.

    Се уште не е познато дали ќе има кривична одговорност кај стручниот кадар што дозволил ова да се случи. За тоа одлучуваат службите.

    Министерката го чека факултетот да постапи по решението од Инспекторатот, по што дополнително ќе постапи.

    Деканот лани во декември пријавил во Инспекторатот да направи надзор. Тие го испитувале случајот од почетокот на годината, а со финално решение го изготвиле во март. Бакрески стана ректор во 2024-тата година, а негов претходник е професорот Ратко Дуев.

    Во меѓувреме министерката го спакува пакетот нови закони за високо образование, научно истражувачка дејност и квалитет, откако денеска со коалициониот партнер Вреди ги усогласија ставовите за последните забелешки. Законите одат во владина процедура,за потоа да се најдат пред пратениците кои го даваат последниот збор за нивно донесување.

    Габриела Лескова

    Прочитај повеќе

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.