Close Menu
    Најново

    Спасени над 300 срни од замрзнатите сибирски езера

    04.12.2025 во 00:02

    Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ

    03.12.2025 во 23:29

    Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци

    03.12.2025 во 23:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спасени над 300 срни од замрзнатите сибирски езера
    • Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ
    • Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци
    • Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица
    • Мајли Сајрус потврди дека е свршена со музичарот Макс Моранд
    • Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце
    • Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“
    • Вицепремиерот Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Помалку блокади, побрзо членство: Нов предлог во ЕУ

    Помалку блокади, побрзо членство: Нов предлог во ЕУ

    06.10.2025 во 11:38
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираа до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите.

    Оваа инцијатива е веќе во Европската комисија, ја поддржуваат 16 земји членки, а како што појаснија денеска во Скопје австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич целта е да се забрза процесот и да се избегне внесување на билатерални и внатрешно-политички прашања во процесот на пристапување.

    И Плаколм и Грашич на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за европски прашања Орхан Муртезани нагласија дека целта на оваа иницијатива е да се забрза влезот во ЕУ на Земјите од Западен Балкан, но и на Украина и Молдавија.

    -Среде Европа недостига еден голем дел да биде во состав на ЕУ, треба да се потрудиме да ја затвориме оваа празнина за да ја зголемиме безбедноста на континтетот и да го поврземе она што си припаѓа едно на друго. Процесот на приклучување трае веќе 20 години, веќе 20 години и ветуваме на Северна Македонија дека ќе стане членка на ЕУ. Денеска имам новина од Австрија за вас. Австрија ќе се заложи за квалификувано мнозинство во процесот на пристапување на нови земји во ЕУ со цел да се намали бирократијата. Тоа значи дека нема да биде неопходна едногласност за секој технички чекор за секоја земја кандидат… За крајниот процес на пристапување ќе биде потребна едногласност, но во меѓувреме ќе се намалат тензичните билатерални односи  и ќе може во поголема мера неутрално да се носат одлуки, нагласи Плаколм.

    Таа појасни дека станува збор за квалификувано мнозинство за техничките чекори, но напомена дека е потребна политичка волја за да заживее оваа иницијатива.

    -За нас е јасно дека за големите прашања, како заедничката безбедносна и надворешна политика ќе мора да зборуваме во еден глас, но во пристапните разговори не смее да има кочења во меѓучекорите со билатерални и внатрешно-политички прашања, секако за почетокот и крајот на процесот треба да постои едногласност, нагласи австриската министерка.

    Грашич се надворза дека и Словенија, како и Австрија инсистира Северна Македонија што поскоро да влезе во ЕУ.

    -Проширувањето на ЕУ и натаму е наш приоритет, пред се, поради геополитичката динамика. Инститираме и Северна Македонија да стане дел од ЕУ до 2030 година и го разбираме разочарувањето, истакна Грашич.

    Таа додаде нејзината земја е една од оние кои ја покренаа инцијативата за воведување квалификувано мнозинство за технички прашања.

    -Словенија и Германија неодамна предложија гласање со квалификувано мнозинство за технички прашања поврзани со проширувањето и сакаме да ги видиме земјите од Западен Балкан, но и другите од Истокот што е можно побрзо да напредуваат, ова е наш придонес. Кога Словенија се приклучуваше процесот беше полесен, со помалку Аки, сега е потежок во однос на усогласувањето со закодавството на ЕУ. Унијата сега е посилна со поконкретизирани закони, додаде таа.

    Појасни дека Словенија, Германија, Австрија и Италија испратиле писмо до претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта за покренување иницијатива за поедноставување на процесот на носење одлуки, која е поддржана од 16 членки.

    Грашич додаде дека се поканети се и останатите да се приклучат и изрази задоволство што Кошта и лидерите дискутираат за неа.

    Министерот Муртезани посочи дека ние како земја говориме дека методологијата на проширување треба да претрпи одредени промени, не само бидејќи тоа сме го почувстувале на наша кожа, туку и поради тоа што, за жал, вели, тоа станува пракса и не им штети само на интересите на земјите кандидати, туку и на стратешкиот интерес на ЕУ.

    -Тоа е особено поради фактот што го отежнува пристапувањето и остава простор за условно кажано за злоупотреба на билатерални процеси во пристапување. Сменета е геополитиката и мора да се воспостави методологија, која ќе овозможи брзо заокружување на процесот во овие услови на неизвесност, рече Муртезани.

    Популарно

    Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце

    03.12.2025 во 22:07

    Работа без лиценца станува минато: Орце брка диви таксисти

    03.12.2025 во 18:36

    Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“

    03.12.2025 во 22:01

    Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар

    03.12.2025 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.