Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека Северноатлантската алијанса се соочува со период на нестабилност поради непредвидливото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за полскиот весник Газета Виборча, Туск нагласи дека, и покрај моменталните предизвици, НАТО останува клучен столб на безбедноста на Полска и Европа.

НАТО со години ја потврдува својата сила и ефикасност во различни региони и околности. Денес можеби се наоѓаме во посложен период, но Алијансата и натаму е основата на нашата безбедност, изјави Туск.

Тој истакна дека државите во непосредното соседство на Полска, кои некогаш биле извор на тензии, денес се нејзини блиски партнери и сојузници. Според него, Полска, Германија, Украина, Чешка и Шведска денес делуваат обединето – се вооружуваат, тренираат заедно и имаат „јасно дефиниран заеднички непријател“.

Иако Доналд Трамп повеќепати изјави дека го поддржува НАТО, неговите критики кон европските членки – особено поради, како што тврди, нивниот недоволен придонес во финансирањето на одбраната и прекумерната зависност од САД – создаваат загриженост меѓу сојузниците.

Туск предупреди дека оваа непредвидливост внесува несигурност во Алијансата, но нагласи дека Европа мора да остане обединета и подготвена да ја зајакнува својата одбранбена способност без оглед на политичките промени во Вашингтон

Exit mobile version