Полската војска утрово е ставена во состојба на највисока борбена готовност. Како што соопшти Оперативната команда на вооружените сили, полски борбени авиони се веднаш подигнати во воздухот, а аеродромите во Жешов и Лублин се итно затворени. Причината е новиот масовен напад на Русија со беспилотни летала врз територијата на Украина.

Од полската страна нагласуваат дека овие чекори се неопходни за да се заштити воздушниот простор на НАТО членката, додека во Украина истовремено беснее воздушна тревога во речиси сите региони.

„Акциите се превентивни. Целта е максимално обезбедување на нашиот воздушен простор во моменти кога руските напади се случуваат во непосредна близина на нашата граница“, пренесуваат од Оперативната команда за ТВН24.

Exit mobile version