Полициски службеник повреден во сообраќајна несреќа во Лагадин

Полициски службеник кој управувал мотор во сопственост на МВР е повреден во сообраќајна несреќа која вчера се случила во охридската населба Лагадин.

-Вчера околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега