Полицијата трага по две лица- се оддалечиле од домовите
Во Полициската станица Бит Пазар, вчера во 21.30 часот С.С.(42) од Скопје пријавил дека неговиот внук С.С.(27) од Скопје, кој имал здравствени проблеми се оддалечил од домот.
Исто така вчера во Полициската станица Гази Баба, М.Ц.(61) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил Б.М.(63) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.
28.10.2024 - 18:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа