30-годишна кривопаланчанка пронајдена во безсознание во стан во Скопје

 


Вчера околу 7 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена М.М. (30) од Крива Паланка, по што е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

28.10.2024 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега