Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести: Горивата во Македонија поевтинија

    18.03.2026 во 16:44

    (ВИДЕО) Емотивно: Дарко Андонов – ДААН со песна за трагедијата во Кочани: „Дишам“ е посветена на прерано згаснатите ангели

    18.03.2026 во 16:33

    Шокантно сведочење за „Онкологија“: Вештакот откри дека 12 пациенти примале терапија без никаква корист

    18.03.2026 во 16:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести: Горивата во Македонија поевтинија
    • (ВИДЕО) Емотивно: Дарко Андонов – ДААН со песна за трагедијата во Кочани: „Дишам“ е посветена на прерано згаснатите ангели
    • Шокантно сведочење за „Онкологија“: Вештакот откри дека 12 пациенти примале терапија без никаква корист
    • Тетовчанец заработи кривична: Со автомобил следел девојка и нејзината мајка, па ги снимал
    • Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи
    • Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка
    • (ФОТО) Завршена голема реконструкција во Битола: Нова водоводна мрежа за жителите на „Мал Париз“
    • Измама во Тетово тешка илјадници франци: Нарачал материјали за Швајцарија, па „заборавил“ да ги плати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи

    Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи

    18.03.2026 во 15:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во текот на изминатото деноноќие, лишени од слобода биле осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив еден без дозвола управувал возило кое претходно го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото.

    Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол.

    Две лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во битолско, Гостивар и Струмица. Лицето во Струмица без дозвола управувало возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци. Возач во Македонска Каменица управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. Додека, по еден возач во Скопје и во Кичево управувале возило со активна забрана.

    Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.