Полицијата најде украдено „бе-ем-ве“, сопственикот го оставил отклучено кај Лептокарија

Скопјанец пријавил дека му е украдено возилото „бе-ем-ве“, кое го оставил отклучено и во погон, на ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во с.Лака и ќе биде вратено на сопственикот“, соопшти МВР.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

14.09.2021 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега