Полицијата казни 146 возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

МВР денеска во период од 8.00 до 12.00 часот имаше засилена контрола на територијата на Република Македонија, при што санкционираше 146 возачи на мотоцикли.

Како што информира МВР, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

11.08.2022 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега