На 3 октомври, во 16:25 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во семеен дом на подрачјето на Гази Баба.

Според пријавеното, по претходно недоразбирање поврзано со нивната малолетна ќерка, дошло до физичка пресметка меѓу 31-годишен маж и неговата 33-годишна сопруга, двајцата од Скопје.

По целосното документирање на случајот, од полицијата најавуваат соодветни поднесоци.

Exit mobile version