На 4 октомври, во 5:10 часот, во ОВР Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево–Пехчево, во близина на селото Тработивиште, патничко возило „фиат“ со делчевски регистарски ознаки излетало од коловозот.
Со возилото управувала 23-годишната И.П. од Делчево, која во несреќата се здобила со повреди. Таа била пренесена во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Делчево.


