Полицијата го запленила автомобилот на ѕвездата на Челзи
Автомобилот на фудбалерот на Челзи, Мојсес Каиседо, вреден 160.000 фунти, е запленет од полицијата, откако бил осомничен дека возел без валидна дозвола.
Играчот од средниот ред, кој пристигна во Челзи од Брајтон за трансфер вреден 116 милиони евра, беше запрен во неговото „Audi RS Q8“ во петокот во близина на тренинг центарот на клубот во Кобам. Портпаролот на полицијата во Сари рече:
„Маж на околу 20-ти години од Кобам беше запрен во петокот на 4-ти април на Фермил Лејн во Кобам. Утврдено е дека управувал возило без возачка дозвола. Возилото е одземено, а истрагата е во тек“.
Мојсес Каиседо би можел да се соочи со парични казни или дури и кривично гонење доколку се утврди дека ги прекршил британските закони за возење. Еквадорецот во моментов со соиграчите е во Полска, каде во четврток го очекува натпреварот од Конференциската лига против Легија Варшава. Од Челзи не сакаа да го коментираат случајот.
Да потсетиме, Челзи го донесе Каиседа од Брајтон во август 2023. Тој првпат ја носеше капитенската лента на репрезентацијата на Еквадор во септември минатата година, кога неговиот тим го совлада Перу со 1:0 во квалификациите за Светското првенство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа